МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Демир Капија ке се градат улици и ке се реконструира и Домот на Културата

Во Локалната самоуправа на Општина Демир капија беа потпишани два договори за изградба на улици во Демир Капија и Реконструкција и надградба на Домот на културата.Договорите градоначалчникот Трајче Димитриев ги потпиша со фирмата „Жикол“ од Струмица која ќе ги изведува градежните работи.

Првиот проект е асфалтирање на улици во Демир Капија во кој ќе бидат опфатени улиците „Орце Николов“ во должина од 500 метри,„Илинденска„ и „Питу Гули“во должина од 830 метри и „Радњанска“ со должина од 924 метри кои се планирани да бидат завршени до крајот на годината.Следната година се планирани да се асфалтираат улиците „Багремар“,„Борис Кидрич“,„Гоце Делчев“, „8 март “ и „Партизанска 2“ со што во градот Демир Капија ке се подобри патната инфраструктура.

Вториот проект е реконструкција и надградба на Домот на културата при што ќе биде реновирана зградата на Домот на Културата и надградба во која ќе бидат сместени просториите на Општина Демир Капија.