МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот на општина Демир Капија ја одржа петнаесетата седница на која беа разгледани и усвоени шест точки од дневниот ред.

Пред започнувањето на седницата пред Советот се обрати командирот на МВР ПС Неготино Трајче Цветков кој ги запозна советниците со проектот организиран преку ОБСЕ за формирање на локален совет за превенција во кој треба да бидe вклучена и општината.

По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Демир Капија за 2018 година, а се однесуваше за измена во делот на Буџетот за домот на културата Мирка Гинова Демир Капија. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на Предлог-Одлука за давање Согласност за склучување на Договор за обезбедување на услуги за водоснабдување и канализација во ЕЛС Демир Капија, заради исполнување на критериуми за добивање на грант средства од МСИП проекти. Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог-проектот “Подобрување на животната средина преку пејсажно и комунално уредување на крајбрежјето на река Бошавица“, со кој проект се аплицира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. По разгледувањето на четвртата точка беше донесена Одлука за давање согласност за склучување на купопродажен договор за стекнување право на сопственост на градежно земјиште, со која одлука се поведува постапка за дооформување на парцела како услов за реализација на проект на изградба на зграда за социјални станови во општина Демир Капија. Седницата заврши со усвојување на Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Орган за надзор на ЈОУДГ Детска градинка „Бorрис Трајковски„ - Демир Капија и советнички прашања на кои одговор даде Лазар Петров градоначалник на општина Демир Капија.

48319187_2296088527289546_6953748568452628480_n.jpg

48373106_2296088650622867_5629549437438132224_n.jpg