МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Регионална работилница за репликација на стекнатите знаења во однос на "Отворени владини податоци"

На 6-ти Април, 2017, во ЦЕНЕТ Центар за едукација и вмрежување во туризмот – Демир Капија, -Центар за одржлив развој АЛКА, одржана е работилницата која ги опфати клучните аспекти од модули кои претходно беа дел од активностите за градење на капацитетите на ГО и тоа: Концепт на отворено владино партнерство и отворени владини податоци; Принципи за активно учество и партиципативно донесување на одлуки; Влијание на воспоставување и евалуација на политиките; Структура на буџет на единиците на локалната самоуправа, Потреба за разбирање на финансиските податоци на ЕЛС (Потреба од Граѓански Буџет); Протоколи за ефективно / јавно учество. Работилницата е наменета за граѓанските организации во регионот и вработените во ЕЛС, со цел пренесување на искуствата за „Отворени податоци и транспарентно работење на ЕЛС“ на регионално ниво.17546645_1833143126938888_8178302772375462307_o.jpg