70 годинишнината од пензионерското организирање во Република Македонија беше повод за неколку активности на Здружението на пензионери од Демир Капија .Активот на жени ја посети Детската Градинка Борис Трајковски и им подари скромни подароци а потоа се одржа прослава на која присуствуваа градоначалникот на Општина Демир Капија ,Трајче Димитриев и претседавачот на Советот Петар Мојсов.
Претседателот на здружението Благој Кавазовски истакна дека од страна на советот на пензионери на Македонија им е доделено признание за успешна работа на здружението.Воедно на градоначалникот на општина Демир Капија Трајче Димитриев му беше доделена плакета за неговиот придонес во соработката со ова Здружение.Плакетата која му ја врачи претседателот на Здружението на пензионери. Градоначалникот им се заблагодари за довербата и признанието за досегашната конструктивна и добра соработка.