МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 13.09.2020 година Домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија го реализира Проектот: Откинување зрел грозд од винива лоза. Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р. С. Македонија и се реализира на лозовите насади на Попова Кула. Начинот на бербата започна во утринските часови со сите стари адети ,во кои активно учество земаа : Играорците од КУД Мирка Гинова, пеачката група КУД Мирка Гинова и глумците при АТ Мирка Гинова . Најпрво се украсуваа кошевите, исплетени од врбови гранки со убави цветови. Украсувањето со цветчиња беше проследено со тивка музика на Тамбурашкиот оркестар на Мирка Гинова. Потоа со кошевите во раце, сите заедно се упатија кон Лозовите насади. Овде играорците и глумците со ножиња во раце влегоа во редовите . Се откина првиот грозд се кажа молитва и започна бербата. Додека се полнеа кошевите со грозје ,се пееше песната ,,Бралој моме бело грозје ем црно,, во изведба на Пеачката група Мирка Гинова. Набраното грозје се истури во каци, каде две играорки со боси нозе го газеа до точење на шира. Проектот заврши со наздравување со вино и настап на Куд Мирка Гинова. П.Пашоев. 119663839_629250407950551_7085037357942086238_n 119681949_629254411283484_8657016817809331724_o