МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера 30.12.2020 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 38 седница на која беа разгледани и усвоени 18 точки од дневниот ред.Седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“ заради безбедносни причини од корона вирусот. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоен Предлог Буџетот на Општина Демир Kапија за 2021 година кој се состои од вкупни приходи во износ од 92.936.084,00 денари и вкупни расходи од 102.072.697,00 денари.По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за 2021 година кој се извршува според одредбите на оваа одлука.Буџетот на општината се состои од Основен Буџет, Буџет на самофинансирачки активности,Буџет на дотации,Буџет на кредити и Буџет на донации.Корисниците на средствата на Буџетот се должни утврдените средства во Буџетот да ги користат наменски, рационално и економично.Третата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена а се однесуваше на донесување Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година која изнесува 81,6 денари.

Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за утврдување на висината на благајнички максимум за 2021 година.Со оваа одлука се утврдува висината на благајничкиот максимум за 2021 година што може да се подигни и држи во готови пари во благајната на општината и изнесува 72.000,00 денари.

По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше донесена одлука за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2021 година. Пазарната вредност на градежното земјиште во 2021 година се утврдува според просечната цена на извршените купопродажби на градежното земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2020 година.Подрачјето на Општина Демир Капија е поделено на 5 зони.

Првата зона го опфаќа градскиот центар од мостот на реката Бошавица по должината на ул.Маршал Тито, лево и десно до крстосницата со ул.Првомајска. Во прва зона влегува и левата страна од ул.Првомајска. Првата зона продолжува од раскрсницата на улиците Првомјаска, Радњанска и крак од ул.Илинденска покрај јазот до насипот на река Бошава.Во прва зона влегуваат улиците: 11-ти Октомври, Јане Сандански,Маршал Тито, Илинденска, Првомајска-левата страна на улицата, 8 ми Март, Питу Гули, и 29-ти Ноември.Пазарната вредност на градежното земјиште во првата зона изнесува 615,00 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура.

Втората зона ја опфаќа улица Маршал Тито од раскрсницата со ул.Првомајска до клучка Демир Капија и десната страна на ул.Првомајска, улицата Радњанска, улицата Гоце Делчев, десната страна од ул.Илинденска која што почнува од раскрсницата со ул.Првомајска врти десно по ул.Илинденска покрај јазот до насипот на р.Бошава. Улица Борис Кидрич, ул.Наум Наумовски, ул. Орце Николов, ул.Кирил и Методиј, ул.Партизанска, ул.Партизанска 2, ул.Даме Груев, ул.Тиквешка, ул.Димитар Влахов и ул. 4-ти Јули. Во втора зона влегува и индустриската зона Попова Кула.Пазарната вредност на градежното земјиште во втората зона изнесува 553,00 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура.

Третата зона го опфаќа градежното земјиште во катастарските општини на селата: Чифлик, Дошница и Корешница.Пазарната вредност на градежното земјиште во третата зона изнесува 375,00 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура.

Четвртата зона го опфаќа градежното земјиште во катастарската општина на селото:

с.Бистренци.Пазарната вредност на градежното земјиште во четвртата зона изнесува 265,00 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура.

Петата зона го опфаќа градежното земјиште во катастарските општини на селата:

Клисура,Прждево,Челевец,Лака,Дрен,Драчевица,Копришница,Бесвица и Барово.Пазарната вредност на градежното земјиште во петтата зона изнесува 154,00 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура.

Пазарната вредност на градежното земјиште до кое има уредено делумно комунална инфраструктура (довод на електрична енергија, канализациона мрежа, водоводна мрежа, асфалтен пат и пристап со земјен пат) се пресметува согласно табела 1 (во која согласно уреденоста на градежното земјиште со инфраструктура, детално се утврдува цената за метар квадратен градежно земјиште) и истата е составен дел на оваа Одлука.

Пазарната вредност на градежното земјиште до кое нема комунална инфраструктура (довод на електрична енергија, канализациона мрежа, водоводна мрежа, асфалтен пат и пристап со земјен пат) изнесува 80,00 денари за метар квадратен градежно земјиште.Во случај да купопродажната вредност на имотот во договорот за купопродажба е повисока од утврдената пазарна вредност според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, во тој случај како даночна основица се зема постигнатата цена од договорот за купопродажба.

По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше донесена одлука за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија. Пазарната вредност на земјоделското земјиште во 2021 година се утврдува според просечната цена на извршените купопродажби на земјоделско земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2020 година.Имајќи го во предвид бонитетот и интересот за купување на земјоделско земјиште на територијата на Општина Демир Капија и населените места, подрачјето на Општина Демир Капија е поделено на четири групи за кои е утврдена вредноста на земјоделско земјиште за 1м2 по катастарски општини.

Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на одлука за обезбедени средства во Буџетот на општина Демир Капија за експропријација на градежно земјиште за градење на објект од јавен интерес од локално значење.Со оваа одлука се резевираат средства во Буџетот на Општина Демир Капија во висина од 35.022,00 денари, за потполна експропријација на земјиште за реализација на јавен интерес од локално значење – Реконструкција на улица 3. Со експропријацијата ќе престане правото на сопственост на физичко лице, а ќе се заснова правото на сопственост на Општина Демир Капија на градежно земјиште со вкупна површина од 78м2.За експропираната недвижност на физичкото лице ќе му се исплати надоместок утврден под услови согласно законот за експропријација.

Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука со која се дава согласност за сопствено учество во проектот “Техничка документација за изградба на систем за собирање и третман на отпадните води во општина Демир Капија” и за обезбедени 567,945,00 денари, од потребните средства за реализација.Вкупната вредност на проектот за изработка на техничка документација и ревизија на техничката документација изнесува 2.112,045,00 денари и тоа за:

Лот 1: Финансиските средства, потребни за изработка на комплет техничка документација за канализации и пречистителни станици за селата Пржево, Бистренци и Корешница се 550.000,00 денари. Лот 2: Финансиските средства, потребни за изработка на комплет техничка документација за канализациона мрежа и 4 пречистителни станици за Демир Капија се 1.000,00 денари.

Финансиската поддршка за реализација на проектот од „Фонд за техничка документација“, финансиран од УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) изнесува 1.544.100,00 денари од вкупната вредноста на проектот. Кофинансирањето во вредност од 567.945,00 денари, Општина Демир Капија се обврзува да ги исплати до УНДП за потребите на Фондот за техничка документација за проектот „Градење на општинските капацитети за спроведување проекти - Подготовка на проекти за локален развој за финансирање од националните и меѓународните развојни фондови”, до крајот на месец Февруари 2021 година.

Деветата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на предлог програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република С. Македонија на подрачјето на општина Демир Капија за 2021 година.

По разгледувањето на десетата точка беше усвоена предлог програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Демир Капија за 2021 година.Потоа се премина на единаесетата точка од дневниот ред на која беше усвоена предлог програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2021 година која претставува основа за уредување и опремување на градежното земјиште.Планирањето е основа за создавање на единствена реална функционална целина преку која ќе се овозможи отворање на нови локаци за: Домување, Комерцијални и деловни намени, Јавни институции, Производство дистрибуција и сервиси, Зеленило, Спорт и рекреација и Инфраструктура.

Дванаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Предлог програмата за изградба , реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Демир Капија за 2021 година.На подрачјето на Општина Демир Капија локалната патна мрежа е во должина од 39,9 км.Во 2021 година за изградба на локални патишта и улици се обезбедени средства од Министерство за транспорт и врски во висина од 36,458.029,00 денари, а се планира да се асфалтираат улиците 8 март, 11 октомври, Маршал Тито (Багремар) и Гоце Делчев.Планирано е асфалтирање и на други улици, а приоритет е од клучката Демир Капија до раскрсницата на улица Првомајска во близина на Црквата Света Богородица и крак од улица Партизанска кој ќе ја поврзи улицата Партизанска со новиот мост на обиколницата.

Потоа се премина на тринаесетата точка од дневниот ред накоја беше усвоена програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Демир Капија за 2021 година која го дефинира обемот, динамиката, начинот на вршење на потребните активности и начинот на нивното финасирање.Четиринаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на предлог програмата за изградба , реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Демир Капија за 2021 година и претставува продолжување и имплементација на програмата од претходната година.Програмата е надополнета со одредени активности кои се произлезени од работата на терен и новосоздадени услови за изминатата година.Потоа се премина на петнаесетата точка на која беше усвоена програмата за управување со отпад за 2021 година.По разгледувањето на шеснаесетата точка од дневниот ред беше усвоено предлог решението за давање согласност на Измена на годишниот план за вработување во 2021 година во ОУ Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност како и формата , содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.Директорот на ОУ Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија е должен по донесување на планот, да го достави на мислење и согласност до надлежното Министерство за информатичко општество и администрација. Потоа се премина на седумнаесетата точка на која беше усвоен Предлог заклучокот за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Демир Капија за 2020 година.