Во тек е извршување на работите за финализирање на проектот „Реконструкција и надградба на Домот на култура „Мирка Гинова“ Демир Капија“. Со комплетирањето на овој објект, кој постои од 1945 година, ќе се подобрат условите за негово функционирање, како за Домот со целосно рекоструираната сала, така и за Општина Демир Капија која наскоро ќе им биде лесно достапна на граѓаните на новата локација во центарот на градот.