МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Почитувани пријатели, порталот www.rtk.mk со гордост Ви го најавува серијалот "ОД АРХИВАТА НА РТК", кој пред се, е искрена желба голем број на настани, личности, одбележја и др да бидат оттргнати од заборавот на времето.
Благодарение на новинарот Марјан Димитров, кој за среќа пред неколку години се најде на вистинско место во вистинско време,  успеа да спаси и заштити дел од архивата на РТК. Она што е спасено е ставено "под суво", за да сега им се врати на граѓаните,бидејќи таа им припаѓа ним. Ексклузивно со две емитувања неделно во овој серијал од над 100-тина емисии ќе бидат забележани оригинални содржини кои говорат за настанокот на Кавадарци,лозарството во Тиквешијата, за селата во Општината,настани поврзани со 19 век,емиисии за занаети кои се изумрни,музички емисии за гајда, негување на фолкорот, емисии посветени на значајни личности,големи спортисти, фудбалери,кошаркари,пливачи,планинари, освојувања на спортски купови на Македонија,за народни хериои како Страшо Пинџур„ и „Димката Габерот“ и други теми, за кои сегашната публика малку или воопшто не знае.За сите теми говорат личности кои биле сведоци или личности кои имаат документи за настаните. По тој повод, со гордост Ви ја претставуваме првата емисија со наслов "9" за фудбалската легенда на ФК "Тиквеш" и ФК "Габер" Ангел Кимов.Во емисијата предводена од новинарот Димитар Мурџев, Ангел Кимов, еден од најдобрите голгетери на сите времиња во Кавадарци,отворено зборува за убавите работи но и за оние кои малку се знаат. Искажувањето на Кимов,ке допре до срцата на многумина со кои тој имал колегијални и пријателски односи.Голем дел од нив не се меѓу нас, но наследниците сигурнио ке сакаат да видат и чујат што тој мисли за фудбалот како најважна споредна работа на светот. Уживајте