Во верувањето на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божиќ до Водици,односно,според верувањето, од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Кај нас овие денови земаат големо значење, поготово во селските средини каде се одржуваат обичаи кои имаат длабоки корени. Познати се под името Пагански обичаи, односно период исполнет со религиозен страв и разни магиски заштити.
Терминот Паган доаѓа од латинскиот збор ,,паганус,, што во првобитното значење ,,рурален,, ,,селски,, или ,,на селото,, ако го толкуваме како придавка. Но, ако го толкуваме како именка ,,паганус,, се означува како ,,селски жител,, или ,,селанец,, Тоа е религија на почитување на природата,славењето на Мајката земја, на годишните времиња и воопшто на целата природа. Најчесто паганизмот се среќавал во селата,меѓу селското население. Доказ за тоа е обичајот на ,,Џоломарите,, од селата Ресава и Бегниште,но истовремено и практикување на овој обичај во селата Дреново и Сопот во овој Етнички предел Тиквеш. ,,Џоломарската игра,, е позната низ цела Македонија,но во зависност од тоа каде се одржува овие обичаи имаат различни имиња: Џаламари , Џоломари, Џамалари, Бабари, Суровари, Василичари,Русалии и сл. Се смета дека овие маскирани групи се организираат со цел да ги избркаат лошите духови што шетале во 12 некрстени денови од Божиќ 7 јануари, па до Богојавление 19 јануари. Се е во контекст на раѓањето на Исус Христос и неговото крштевање на кое се случило на 13 годишна возраст. Според народните верувања тогаш шетаат разни вештерки,вампири,чума,колера и др. Исто се верува дека и водата е опседната од овие духови,таа е леунка-немоќна некрстена, крстот е “врзан“ и нема сила во овие денови да помогне да ги прогони. Нивните ритуални игри се проследени со драмски и комични елементи исполнети со магиски дејства кои имале за цел да го истераат лошото, а истовремено да донесат бериќет и благосостојба за годината што настапува како во семејството така и на земјоделските површини. Зборот Џоломар го среќаваме само во овој етнички предел Тиквеш. Од истражувањето и разговорите со мештаните за зборот Џоломар немаат некакво објаснување, така било и така останало. Но , истовремено и Етимологијата како наука не го познава зборот Џоломар. Џоломарите од овој етнички предел заедно со цврстите закони на маскирањето,во кое нема импровизации,се е во својата изворна форма со векови и ништо не смее да се менува. автор-Томе Крстевски-етнолог