МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Порталот www.rtk.mk посветува значајни внимание на историјата на Кавадарци и Тиквешијата.Овој викенд и наредните неколку денови ке се фокусираме и посветиме на спортот и на тоа како гледа професорот во пензија Димитар Пецов - долгогодишен активен чинител на настаните во ова област во Кавадарци и Македонија.Ке посветиме 2 емисии од кои едната снимена во 1995 - Ракометен незаборав која претставува сублимат на развојот на ракометот како спорт во Кавадарци. Во ова архивирана емисија говорат многумина ракометари и спортски работници значајни за развојот на овој спорт оде 1945 до 1995 година во Кавадарци и Македонија. Поводот за нејзина реализација е издавањето на книгата „Ракометен незаборав„ на познатиот спортски работник Димитар Пецов.Автор на документарната е новинарот Димитар Мурџев.Втората емисија е снимена 2017 година одговара на прашањето на новинарот Марјан Димитров зошто ја напиша првата книга за ракометот,за приликите во спортот во тоа време,за средбите на ветераните ракометари, како и за времето посветено во кошарката.Го прашавме како професорот Димитар Пецов ,кој сега е во пензија,гледа на актуелните прилики во кошарката, фудбалот и другите спортови.На крајот вреди да се слушне неговата порака до младите а која е поврзана со спортот