МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 23 и 24 март во спортската сала и на терените во ООУ ,,Гоце Делчев" Кавадарци, се одржа хуманитарен турнир во кошарка со машки и женски екипи

На 23 март 2017 година се реализираше ,,Street Ball" - натпревар меѓу екипите во машка категорија, додека пак на 24 март 2017 година се реализираше хуманитарниот турнир во кошарка помеѓу девојчињата од разни училишта во општината. Овие настани произлегоа од група на хумани ученици од основните училишта Гоце Делчев и Тоде Хаџи Тефов од Кавадарци кои работат на проект преку програмата “Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ). Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.

17496286_1405190436170542_1140397180_n.jpg

Целта на оваа група младинци која го организираа овој хуманитарен турнир во кошарка е помагање на лице од село Дреново, со потешкотии во движењето, а со собраните средства од настанот ќе му се помогне на лицето да му се купат помагала со што ќе се олесни неговото секојдневно движење и функционирање.

17467778_1405190442837208_1663247858_n.jpg

Се разбира, реализација на хуманитарниот настан немаше да биде вака успешна доколку директорката на основното училиште Гоце Делчев,г-ѓа Весна Крстева не овозможеше да се реализира настанот во училиштето. Благодарност и до наставниците по физичко и здравствено образование, како и до останатите училишта кои пријавија екипи. Благодaрност и до хуманите ученици кои меѓусебно се натпреваруваат за една единствена цел-хуманоста.

17496209_1405190489503870_2043556031_n.jpg

Само на овој начин учениците навистина ги учат вистинските морални вредности и преку овој проект учат што значи тоа да се биде хуман.