Основното јавно обвинителство од Кавадарци поведе истражна постапка против државјанин на Косово со престојувалиште во Росоман, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување.
Осомничениот, кој бил вработен како овчар, на 2 мај, во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. Момчето за да се одбрани го удрило осомничениот со бокс, по што тој се тргнал и го напуштил местото.
Осомничениот не е достапен на органите на прогонот, а по предлог на надлежниот јавен обвинител, Судот во отсуство определи мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, се наведува со соопштението објавено на Веб сајтот на ОЈО Кавадарци.
м.д