МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Натпреварот Фени треба да го добие со најмалку 8 поени разлика доколку сака да останат во трката за пласман помеѓу четирите најдобри.

Иако навидум не делува како невозможна мисија, затоа што Фени многупати покажал дека знае како се победува Кожув, да надополнува резултатско заостанување, но и како се добиваат клучни натпревари, сепак, повредите на Андреј Магдевски и Матеја Чешковиќ дополнително го скратуваат и онака минималниот избор на Малинков. Дополнителен проблем создаваат и ситните повреди на Џекиќ и Пантиќ, кои ветуваат дека до сабота ќе бидат фит и ќе го дадат својот максимум.

Натпреварот Фени Индустри - Кожув се игра во сабота, 22 април, со почеток од 18 часот, а истиот е само вовед во напорната недела во која кавадаречките кошаркари ги очекуваат дуелите со Куманово на гости и со Работнички на домашен терен.

(Видео изјави - Љупчо Малинков- тренер на Фени Индустри ,Кирил Николовски-капитен на Фени Индустри и Никола Кицев-кошаркар на Фени Индустри)