Членови, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ но и граѓани кои се незадоволни од владеењето на власта и водењето на разговорите со Бугарија за членство во ЕУ, која ви истовреме врши расподажбата на македонските национални интререси, вечерва протестираа во колона со возила по улиците на Кавадарци.На платото пред храмот „Света преподобна Параскева Петка„ одржаа завршен собир на кој зборуваа; Диме Коцевски-член на ОК на ВМРО -ДПМНЕ кој говореше стихови од Гане Тодоровски, Весна Ѓорѓиева претседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ -Александар Николоски.
Ѓорѓиева од името на сите кои ја сакаат Македонија, порача дека никој нема право во име на граѓаните да врши распродажба на името и историјата на овој народ..
Од Кавадараци потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски обелодени дека по поминувањетио на 100 -те дека - пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ заедно со други претставници во Парламентит ке „побара доверба на ова ненародна власт„-како ја нарече , потоа да се формира Влада на национален спас и распишување на нови предвремени парламентарни избори.