МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Звонко Костов – е спортски директор а Горан Стојановски-тренер на клубот

Завршниот дел од сезоната од втората по ранг македонска фудбалска лига, градскиот фудбалски клуб Тиквеш ќе го дочека со нов тренер и нов спортски директор.На местото на Диме Лазов, кој ја извршуваше функцијата спортски директор, е именуван Ѕвонко Koстов, познато и признато име на кавадаречкиот фудбал. Костов, заедно со новиот шеф на стручниот штаб, Горан Стојановски од Неготино ќе ја имаат задачата да го изборат опстанокот во второлигашкото друштво, кој е блиску исто колку и можноста да се остане на самото дно.Во остварувањето на целта на Стојановски ќе му помагаат Борче Митрев кој останува помошен тренер и Митко Ѓорѓиев кој и понатаму е тренер на голманите.