МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Иако сме на прагот на бербата на најмасовните сорти на грозје, пред се кратошијата вранец,сеуште нема дефинирани откупни цени на грозјето.

Сепак вчера на ниво на групација која одлучува за ова проблематика се одржа средба и се разговарало за годинашниот откуп на грозје, при што од страна на лозарите е побарано зголемување на откупните цени за 20 насто во однос на ланските.

На средбата присуствувале градоначалниците на општините од регионот каде се произведува грозје, Здружението на лозарите, претставници на Владата и Министерство за земјоделие,Винарии,пратеници и други. За резултатите од средбата денеска изјава за РТК.МК даде пратеникот Панчо Минов.