МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во местото викано „Диина“,на Златко Ташев мечка досесeга му уништи 13 пчелни семејства

Во неколку наврати од 24 до 30 април годинава мечка се настрвила на медот од пчелите на пчеларникот на Златко Ташев од Кавадарци , кој се наоѓа во атарот на село Бохула.Според доказите најдени на лице место со сигурност е утврдено дека нападот на пчеларникот е извршен на мечка . Пчелите се оградени со два реда ограда- дрвна и жичана . Инаку Ташев овде поседува 69 пчелни семества од нив уништени се 13 ,и тоа во неколку наврати.

-Јас таму , веднаш до пчеларникот,имам легализирана викенд куќа,имам струја и вода-на агрегат и често престојувам со семеството.Кога таму има човек таму таа очигледно не напаѓа. Овде престојува таткоми преку ден но навечер не се решава да остане зашто навистина е опасно. Јас и семејството сега не се решаваме да престојуваме овде, вели Ташев.и додава -Мене ми е ризик за одам во викендичката па и да влегувам во пчеларникот затоа што пчелите се вознемирени ,вели нашиот соговорник.

Онаку по сознанијата на жителите од овој крај истата ова мечка има направено штета и во селата Радња и во Бошава.

Случајот е пријавен најпрвин во Кавадарци во Подрачната едница на Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство но го упатиле во Скопје во Министерството за земјоделие - отсекот за лов.По пријавата таму на 2 мај дошла комисија. Тие ја утврдиле фактичката состојба, и издале записник за тоа.Но сега допрва се усложнува состојбата.Ташев не може да си ја наплати материјалната штета која е голема.

Ours_brun_parcanimalierpyrenees_2.jpg

Од комисијата на почетокот биле скептични ,пред да отидат на лице место. Но со увидот и сликите кои се направени таму од мене и од инспекторите, е утврдено (шепи, коса ) дека навистина се работи мечка.Начинот на оштетувњето и трагите, оставени на лице место укажуваат дека ова опасно животно е напаѓачот.

- Од иституциите велат треба да ја тужиш државата со приватна тужба, затоа што мечката е трајно заштитен дивеч и само државата може да преземе мерки и да ме обештети.Јас не смеам и не се осудувам да преземам чекори за убивање на мечката , вели Ташев.

Инаку во последните 10 години, немало вакви напади и Златко произведува одличен еколошки мед .Едно пчелно семејство дава од 30 до 50 килограми мед.Тоа значи дека тој има голема материјална штета од нападите на ова мечка која веројатно по долгата зима била гладна и не можела да му оддолее на медот.

Куќата на Златко е одалечена 8 километри од селото Бохула ,во местото викано „Диина„ така што исклучена е можноста друг дивеч или домашна стока може со вакви размери на направи оштетување на оградата .На овој терен појава на мечка не е новина. Пред 20 години овде се појавила мечка велат постарите жители.

(Видео изјава на Златко Ташев)