МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Над 1000 гости денеска ги пробаа новите ,млади вина ,од ова реколта

Фестивалот на младо вино, кој годинава по седми пат го организира ВВ„Тиквеш“, е прв и единствен од ваков вид во земјава. На настанот присуствуваа бројни љубители на вината на Тиквеш.Фестивалот го слави процесот на создавање на виното и ќе го одбележи периодот од годината кога во земјите со винска традиција за првпат се отвораат бочвите и се вкусува виното од последната берба.

Љубителите на врвното вино кои беа гости имаа ретка можност да го дегустираат младото вино и да дадат своја оценка и очекување за квалитетот на виното и бербата пред добивањето на посакуваната финална структура на виното.

Вината на „Тиквеш“ од оваа берба имаат значаен потенцијал за пласман на домашниот, но и на странските пазари, каде владее исклучително остра конкуренција. Истовремено, и покрај тоа што се работи за млади вина, квалитетот што го поседуваат е гаранција дека и во наредниот период ќе се добиваат добри вести за освоени високи оценки, медали и признанија и со тоа ќе биде повторена, па дури и надмината бројката од над 50-тина високи признанија што во просек годишно ги добиваат врвните вина на „Тиквеш“ на престижните светски вински натпревари, велат менаџерите на винаријата „Тиквеш“.