МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сеќавање за формирањето на првата значајна воена едница во борбaта против фашистичкиот окупатор

На Спомен костурницата, каде се погребани коските на загинатите борци од Кавадаречко во Втората светска војна , беа положени цвеќиња. Историски час за чинот на формирањето на ова значајна воена единица тоа време одржа Петре Камчевски-директор на Музеј галеријата од Кавадарци.Тиквешкиот партизански одред бил една од најголемите и најборбените партизански единици во тој период во Македонија.Најголем дел од борците биле од Кавадарци и Неготино, кавадаречките села Ваташа, Шивец, Радња, но имало и борци од Велес и од Скопје. Го викале Тиквешки партизански одред, бидејќи скоро 90 проценти од борците биле токму од овој крај.Одредот, додаде, го добил името „Добри Даскалов” по предлог на Димката Ангелов Габерот, со што јасно ставил до знаење дека борците ја продолжуваат борбата на некогашните илинденци.

Видео изјава :Камчев