Денеска Општина Кавадарци ја посети словенечкиот амбасадор во РМ Бранко Раковец во придружба на козулот во нашата земја Грегор Квеменчиќ и советничката за економски прашања Мира Лесјак .
Со домаќинот градоначалникот Александар Панов разговарале за теми, од екониомски карактер и за тоа како да се унапреди соработката конкретно со Општина Кавадраци. На средбата беше присутна и претседателката на Советот на Општината Горица Пеливанова- Вилхелм. -Во едно блиско минато кога бев вработен како правник во ЈП„Комуналец„ се реализира еден крупен проект заедно со Светска банкаи словенечка компанија а тоа е изградбата на 4 мини хидроцентрали кој до денес функционираат.Тоа беше основа за прифаќање на соработка со словенечка компанија за новиот проект кој моментно ни е во завршна фаза .Проектот го работиме со фирмата „Колектор“ за изградба на 5 хидроцентрали со сила од околу 11 Мега Вати кои веке произведуваат електрична енергија а се лоцирани на системот за наводнување и снабдување со вода „Бошава“, кои ке ги пуштиме во работа официјално наскоро.Ние разговаравме претежно на економски теми затоа што интересот и на двете држави е пронаоѓањето на заеднички пазар и да се најде начин како да се функционира меѓу себе: наши компании да отвараат фабрики таму каков што е примерот со ИГМ –Трејд и обратно, вели градоначалникот Александар Панов -Би сакал да кажам дека ме радува фактот што денеска сум во Кавадарци при што градоначалникот Панов ме запозна со развојните проекти на Општината која важи за една од најуспешните во Македонија.Видовме дека Кавадарци не само подрачје за квалитетни земјоделски производи но и на индустрија која успешно се развива.Информиран сум вашата Општина може да се пофали со бројни странски инвестиции .Посебно ме радува дека меѓу нив има и словенечкото претријатие во случајот-„Колектор“ кое изгради петте мини хидроцентрали на реката Бошава.Добро е тоа што и една кавадаречка фирма има инвестиционо вложување во Словенија .Се надеваме дека ќе има уште други стопански субјектики ке работат кај нас или ке соработуваат на било кој начин со нас, вели словенечкиот амбасадор Раковец.