МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Врз основа на Врз основа на член член 50 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа(“Сл.весник на РМ бр.05/2002), Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2018 година бр.09-5167/8 од 22.12.2017, бр.08-2175/47 од 24.04.2018 година и бр.08-3027/48 од 30.05.2018 година, член 113 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадаци бр.8/05),, Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година број 08-5282/38 од 27.09.2018,Програмата за изменување и дополнување на Програмата за Развој на општина Кавадарци за 2018 година број 08-5282/36 од 27.09.2018 и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 208 година број 08-5282/37 од 27.09.2018, Општина Кавадарци распишува

ВТОР ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година

Опис на Јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци(домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела(печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

1.2. Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 05.10.2018 година заклучно со 20.10.2018 година.

1.3. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „Јавно извлекување“.

Право на учество на Јавниот повик:

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети.

На јавното извлекување право на учество ќе имаат и апликациите од првиот Јавен Повик бр.24-4260/5 од 06.08.2018 година за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година, а кои не се субвенционирани поради исцрпување на средствата предвидени со првиот Јавен повик.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Услови што треба да ги исполни барателот:

3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:

да е жител на општина Кавадарци; да нема добиено финансиски средства за набавка на енергетско ефикасни грејни тела од било кој извор во Република Македонија; до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут; новато енергетско ефикасно тело да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик и истото да биде инсталирано на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот; станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее; само едно домаќинство може да поднесе барање за добивање на надоместок.

3.2. За барателите кои имаат нов станбен објект, не важат условите од алинеја 3 од под-точката 3.1

Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до општина Кавадарци треба да достави:

барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општина Кавадарци или од интернет страната на Општина Кавадарци: (kavadarci.gov.mk); фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Кавадарци; Изјава дека не е корисник на субвенција за истата намена од било кој извор во Република Македонија; доказ дека е извршено купување на енергетско ефикасно грејно тело(печка на палети или инвертер клима) и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик; фотокопија од трансакциска сметка;

4.2. Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не треба да ја достават документацијата од алинеја 3 во под-точката 4.1.

4.3. Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикаснио грејни тела“ во архивата на општина Кавадарци, на адреса Пл.Маршал Тито бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

4.4 Барателите можат да достават барања и по пошта но со датум на праќање најкасно до 20.10.2018

4.5. На пликот треба да е наведено: „Втор Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година“.

4.6. Архивата на Општина Кавадарци примените барања ќе ги евидентира со точниот ден на поднесување (датум).

Начин на спроведување на јавниот повик

За спроведување на транспарентна постапка при добивање субвенција за купување на енергетско-ефикасно грејни тела во домаќинствата во Општина Кавадарци, доделувањето на средствата ќе се одвива на следниот начин:

5.1. Општина Кавадарци со цел стимулирање на користењето на енергетско ефикасни грејни тела, ќе распишува Јавен Повик.

5.2. За времетраење на огласот, ќе има известување за јавноста за времетраењето на повикот.

5.3. По завршување на Јавниот Повик, најкасно по 10 дена, ќе се одржи јавно извлекување на подносителите. За времето и местото на извлекувањето Општина Кавадарци ќе даде соопштение на својата веб страна. Секој барател кој има доставено барање за субвенционирање на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување.

5.4. За спроведување на активностите за реализација на Јавниот Повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе формира три комисии кои ќе бидат составени од три члена и нивни заменици. Комисиите по пристигнувањето на сите барања за субвенционирање доставени за времетраењето на јавниот оглас, со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања.

5.5. Извлекувањето од точка 3 на овој дел од Правилникот ќе се одвива на следниот начин:

– извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадарци ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Општина Кавадарци.

– ковертите во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават во посебен сад.

– лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на една од Комисиите.

– претседателот на секоја одделна комисија го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапува кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од овој Правилник.

– за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка.

– во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќе заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација.

5.6. Општина Кавадарци за утврдување на исполнувањето на условите за доделување на финансиски средства од членот 1 на овој Правилник, Градоначалникот на општина Кавадарци формира Комисија за проверка на терен, составена од 3 члена од редот на вработените во администрацијата на општина Кавадарци.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата за проверка до станбениот објект и просторијата во која се инсталирани набавените енергетско ефикасни грејни тела.

5.7 За пристигнатите и обработени барања, ќе се води листа со следните податоци:

име и презиме и адреса, датум на пристигнатата пријава на Јавниот повик, износ на надоместокот за барателот и износ на персоналниот данок на доход. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Комисијата за спроведување на јавниот повик го објавува предлогот за субвенционирање/надомест на вебстраната на општина Кавадарци и ги известува барателите.

6.2. Градоначалникот на општина Кавадарци на предлог на Комисиите носи решение за одобрување на барањето.

6.3. Градоначалникот на општина Кавадарци на предлог на Комисиите носи решение за одбивање на барањето за барателите кои не ги исполниле условите од вториот Јавен повик.

Барање – образец за втор повик http://kavadarci.gov.mk/