Реакција по повод прес конференцијата на СДСМ – Кавадарци
соопштение -интегрален текст
„СДС континуирано продолжува да ја манипулира јавноста, во недостиг на реализација на капитални инвестиции и во континуиран пад на економијата единствено што им преостанува е да преку бледи прес конференции се обидат да добијат некој политички поен.
Срамно е господа од СДС да се сликувате во с.Ваташа.
На само неколку метри од вашата прес конференција на 16 ти Јуни 1943 година се случи масакар со кој Ваташа и Тиквешијата беа завиени во црно, за да после 75 години Заев и неговата анти државна номенклатура со срамен потпис сакаат да ја избришат оваа национална трагедија.
Мостот пред кој што се сликувате е проект на ВМРО ДПМНЕ.
Со таа програма и тие проекти ние ве победивме на локалните избори 2017 година и на парламентарните 2016 година.
Бидејќи СДС се во постојана амнезија како и нивниот лидер Заев, да ги потсетиме на неколку проекти коишто беа реализирани во владата на ВМРО ДПМНЕ и претходната локална самоуправа.
Се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето проект вреден два милиони евра.
Се реконструираа патиштата Витачево – Мушов гроб, Ладно долче- Крњево, патот за село Ресава како и многу други регионални и локални патишта во општина Кавадарци.
Најголемата гордост на Кавадарции на ВМРО ДПМНЕ се вика Дрекслермајер, со таа странска инвестиција невработеноста која ни ја остави СДС во наследство од 36% , се намали под 5%.
Економијата почна да живее со ВМРО ДПМНЕ,стопанството почна да се развива во тоа време.
Во моментот економијата е во голема ерозија.
Меѓутоа колку и да им објаснуваме на СДС за економија, за нив најголем репер за стопанство и економија се фамилијата Заеви со познатиот начин на функционирање, евро за Вицето,евро за црквата.
Претседателските избори се можност СДС да ги пратиме во мрачната страна на историјата, а Зоран Заев во политичка пензија, која ветуваме дека нема да му биде така мирна и дека ќе одговара за сите неправди кои што ги направи во Република Македонија.
Со поддршка и гласање за професорката Гордана Силјановска Давкова, над Македонија ќе изгрее ново сонце на слободата, каде ќе се врати надежта за право,правда и еднаква можност за сите граѓани на Република Македонија!„.