МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

П.С.Д " Орле " од Кавадарци ја продолжува традицијата и оваа година и организира логорување во подножјето и искачување на врвoт Дудица -2150 м.н.в на Кожуф планина.

Планинарската акција ќе се одржи во деновите 17 и 18 јуни 2017 (сабота и недела). Потребно е секој учесник кој ќе се пријави да си понесе соодветна опрема за логорување .Според распоредот и програмата предвидено е во двата дена колку ке трае маршот да се поминат над 20 километри со старт на Михалово,пешачење и ноќевање а вториот ден пристигнување на Дудица и враќање назад.Викенд турите на планинарите будат голем интерес, особено кај младите.