МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Компанијата своите можности за соработка со учениците ги претстави во СОУ„Киро Спанџов Брко“

Вчера попладне од 17 до 19 часот во Средното училиште за образување на кадри за стручно образование „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, на крајот на учебната година и во екот на уписите за нови ученици се понуди можност за нови образовни видици.Имено компанијата „Дрекслмајер„ на идните и сегашните средношколци во кавадаречкото училиште им понуди практична работа која ке се изведува во фабриката во Кавадарци.Таа е со програма според европски тандарди,, трае 5 до 9 часови,се одвива во комплетно опремени работилници и на модерни машини инструменти и технички помагала и овозможува примена на теоретските знаења во пракса.Во рамките на ова обука компанијата од Кавадарци обезбедува превоз од училиштето до фабиката,топол оброк,симболичен паричен надоместок.Работата е во интернационална средина, се издава сертификатсо печат на Дрексмајер и најважното: се создава можност за вработување по успешното завршување на средното училиште.

Пред заинтресираните ученици од ова училиште беше презентирана програмата која предвидува развој и тестирање на електрични ,пневматски и хидроулични системи за контрола,програма за користење и одржување на мехатронски системи, инсталација на хардвер и софтвер.Најважни услови користење на овие поволнолсти во Дрексмајер -Кавадарци е запишана втора година и нагласени математички и технички способности.

Нова презентација со слична содржина предвидена е на 28 јуни годинава.