МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заврши снимањето на првите две кавадаречки народни приказни„ Умната мома“ и „Големиоит драпаџија“

Салата на 3 Д Киното КаоС во Кавадарци вечерва беше исполнета.Поводот беше промоција на првите две снимени приказни во наша кавадаречка продукција ,,Умната мома“ и „Големиот драпаџија“.Ако мегу гледачите можевме да видиме познати личности од јавниот, политичкиот живот, лица од културата,познати кавадаречки фаци,новинари,поранешни артисти меѓу нив и доајенот на кавадаречкото и македонското глумиште Васо Ангелов, тогаш сме биле на вистиското место а настанот заслужуваше големо внимание.

IMG_20151012_211651.jpg Актерот и режисер на кавадаречките приказни Диме Коцевски заедно со директорот на фотографија продуцент и монажер Тони Коцев , домаќини на промоцијата, им посакаа на сите љубители на овие две видео изданија убава вечер. Коцевски направи хронологија на настаните поврзани со приказните за идејата зошто треба да снимиме и ние на наш кавадарерчки дијалект. Пред проекциите на приказните присутните ги поздрави градоначалникот Александар Панов, кој заедно со Советот го подржаа овој проект, со надеж дека ке го сторат тоа и за следните приказни во иднина.

Снимањето на првите две епизоди од серијалот кавдаречки народни приказни е резултат на една долгогодишна и макотрпна работа на собирање на приказни кои се специфични за Тиквешијата и го карактеризираат целиот регион. Диме Коцевски актерот и режисер рече дека е одбрана прекрасна група на луге ентузијасти кои ја пријфатија идејата која ја имале Тони Коцев и тој. -Станува збор за кавадаречки народни приказни кои од другите приказни се разликуваат по автентичниот кавадаречки дијалект, кавадаречкиот хумор ,снимањето во амбиент на автентични села со соодветна селска архитектура, и целокупната екипа од сниматели, помошници, актери, ститисти е 100 посто кавадаречка. Со приказните започнавме затоа што народот нив може најлесно да ги прифати.Но ова треба да ни преставува отскочна штица да ни помогне да почниме да снимаме и други проекти.Истражував и дојдов до запрепастувачки податок:Многу историски личности и настани од историјата од овој крај се заборавени, за нив нема никаков видео запис:за Страшо Пинџур и неговото семејство,за Димката Габерот , за 12 те деца и други.Во Македонија во неколку градови се снимаат видео записи за заборавни личности и настани .Зошто и ние да не направиме нешто слично. Нашата цел со Тони е малку да ги потисниме работите на подобро и да почнеме да ствараме дела од ваков карактер.

IMG_20151012_202433.jpg

Покрај градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци кои помогнаа се верува верува дека за наредните снимања на приказни за кои кои има веке готови сценарија ,каско и за други проекти да се вклучи и бизнис секторот од кого се очекува помош и подршка. Во реалзацијатана приказните учествуваше актерската екипа во состав;Милица Гочевска, Никола Колев-Зезо, Видан Станоев ,Симона Богева,Данчо Бањански,Дејан Атанасов и Диме Коцевски. Проекцијата на двете приказни беше проследена со внимание и преставуваше вистинско доживување кое беше проследено со ракоплескање и спонтана смеа на присутните за на крајот сите со одобрување да посакаат овој проект да продолжи да ствара нова видео историја за кавадаречкото и Тиквешки поднебје од нов ракурс кој ке се стави печат, со нови успешни актерски остварувања.

М.Димитров