МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот на општина Демир Капија ја одржа шеснаесетата седница на која беа разгледани и усвоени 26 точки од дневниот ред.

Откако беа разгледани записниците од претходно одржаните седници се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоен Буџетот на Општина Демир Капија за 2019 година кој е планирано да изнесува 128.670.735 денари. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше усвоена и донесена Одлука за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2019 година.Tретата точка откако беше разгледана беше донесена Одлука за утврдување на висината на благајнички максимум за 2019 година.

Потоа се премина на четвртата точка на која беше донесена Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година. Петтата, шестата, седмата и осмата точка по разгледувањето исто така беа усвоени а се однесуваа на донесување на Одлука за давање на трајно управување и одржување на инфраструктурeн објект Водоснабдителен систем за населено место Корешница, Одлука за давање на трајно управување и одржување на инфраструктурeн објект Водоснабдителен систем за населено место Бистренци, Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек 1“Поток 1“ и регулиран водотек 2 “Поток 2“ во с.Корешница, општина Демир Капија, опфатен со урбанистички план за с.Корешница, општина Демир Капија и Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек 1 “Поток 1“ и регулиран водотек 2 “Поток 2“ во с.Клисура, општина Демир Капија, опфатен со урбанистички план за с.Клисура, општина Демир Капија. Деветата точка по разгледувањето беше усвоена а се однесуваше на Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Демир Капија за 2019 година.Потоа се премина на десетата точка на која беше усвоена Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2019 година.Наредните пет точки од дневниот ред исто така беа усвоени а се однесуваа на усвојување на Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Демир Капија за 2019 година, Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Демир Капија за 2019 година, Програма за управување со отпад за 2019 година, Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Демир Капија за 2019 година и Програма за заштита од штетното дејство на водите за подрачјето на општина Демир Капија (2019 – 2020 година).Шеснаесетата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на усвојување на Оперативниот план за заштита и одбрана од поплави на подрачјето на општина Демир Капија (2019 – 2021 година).

Потоа се премина на седумнаесетата точка на која беше усвоена Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина демир Капија за 2019 година.Наредните две точки од дневниот исто така беа усвоени а се однесуваа на донесување на Одлука за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2019 година и Одлука за утврдување на пазарната вредност на земјоделското земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2019 година.По разгледувањето на дваесетата точка беше донесена Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кавадарци и општина Демир Капија.

Дваесет и првата точка по разгледувањето беше усвоена а се однесуваше на донесување на Решение за формирање комисија за изработка на Предлог-програма за работа на Советот за 2019 година.Наредните две точки од дневниот ред по разгледувањето беа усвоени а се однесуваа на донесување Решение за давање Согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2019 година на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија и Заклучок за усвојување на Програма за работа на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2019 година.Потоа се премина на дваесет и четвртата точка на која беше донесен Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Демир Капија за 2018 година.Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

48918902_2306206559611076_7248618568906964992_n.jpg