Lions club Tikvesh од Кавадарци продолжува со својата хумана мисија .Како што вети пред Нова година, денеска спроведе акција за организирање на ексурзија за децата од Домот без родител.
Ексkурзијата се изведува во Охрид каде според планираното, ке се посетат различни знаменитости со цел децата да се запознаат со историјата и убавините на Македонија.
Во изјавата за РТК.МК , Верка Јованова-од Lions club Tikvesh од Кавадарци рече дека ке ја продолжат мисијата за помош на ваквите и слични наши сограѓани, а кога се работи за децата, тогаш хуманоста уште повеќе ке доаѓа до израз.