Кавадречките претставници освоија 2 трети места во Струга и Охрид
Eкипата на „Мобилност„ од Кавадрци составена од Николчо Делов, Михајло Михајлов ,Митко Орданов,Ѓоко Костов и Магдалена Делова учествуваше на 29-те републички спортски игри за лица со телесен инмвалидитет кои се одржаа во Струга и ПОхрид. Од 9 до 11 јуни во овие два града во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност-Македонија и во соорганизација со Македонскиот Параолимписки комитет на ова средба учествуваат 80 спортисти од Македонија и 20 од земјите од регионот;Србија,Црна Гора, Босна и Херцеговина, со што средбата имаше меѓународен карактер. Нашите претставници постигнаа забележителен и резултати во атлетика и пинг понг.Митко Орданов во атлетика стоење класи ф-36-38 и ф-42-46 освои бронзен медал, а Николчо Делов во пинг понг екипно класа 9-10 мажи заедно со Дејан Алексовски од Скопје како и дел од македонската Б репрезентација ,исто така освои трето место.
На игрите беше донесен и пехарот за супер купот во фудбал како дел од соработката на Мобилност Македонија и ФФМ.