-Гевгеличанецот со своите дела го долови севкупното македонско културно богатство
Традиционално како најава за Меѓународната ликовна колонија непосредно пред стартот на истата се отвара изложба на македонски признат и познат ликовен уметник. Годинава на јубилејот 25 години од колонијата „Михајлово Кавадарци 2021“ честа да изложува свои дела со самостојна изложба му припадна на гевгеличанецот Драги Хаџи - Николов Аџи.
Изложбата беше насловена како “Етно приказни“ а на истата говореа кавадаречкиот уметник Владимир Темков, директорката на Домот на културата „Иван Мазов Климе“, Јулијана Туриманџова и самиот автор
М.В.