МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се намалува бројот на лица заболени од грип во Кавадарци и Росоман

Доктор Ристе Јовановски, епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, денеска информираше дека последнава седмица биле регистрирани 507 новозаболени.

-Ако се има во предвид дека претходно во една седмица имавме евидентирано и до 1.024 грипозни, може да се заклучи дека грипот стагнира во овие две општини, нагласи тој.

Јовановски соопшти дека од почетокот на сезоната за грип досега, во Центарот имаат пријавено 2.691 лице заболено од ова вирусно заболување.

Тоа според него не е најреалната бројка на инфицирани од грип, бидејќи некои од заболените се лекуваат во домашни услови и не посетуваат матичен лекар. А токму матичните доктори ги пријавуваат бројките на грипозни во Центарот за јавно здравје.

Јовановски потсети на превентивните мерки кои треба да се преземат за да се избегне вирусот на грип и даде препораки за тоа како да се однесуваат веќе заболените.