МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека ќе има изменет режим на сообраќај во централното градско подрачје во деновите 15.06.2019 ( сабота ) и 16.06.2019 ( недела ).

Во сабота поради настанот вежба „Одлучен удар“ односно презентацијата на опрема и возила на армијата на РСМ и армијата на САД која ќе биде на градскиот плоштад во периодот од 16:30 до 21 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните улици:

- ул.Тиквешко востание до ул. Миле В`чков

- ул.Илинденска делот од плоштадот до стара автобуска

-ул.Мито Хаџи - Василев Јасмин

- ул.7ми Септември.

Во недела поради вториот по ред Кавадаречки ноќен маратон, во периодот од 17 до 22 часот ќе бидат затворени за сообраќај следните учлици:

- ул.Тиквешко востание до вториот триаголник

- ул.Страшо Пинџур

- ул.Илинденска

ул.Моша Пијаде.