Бензинската пумпа се наоѓа на улицата „Методија Андонов Ченто“ број 27. Ова е четврта бензинска станица што "Шел" ја отвора во Македонија, со што компанијата ја зајакнува посветеноста да го прошири своето влијание во регионот.На малопродажната бензинска станица во Кавадарци ќе бидат достапни низа висококвалитетни горива, Fuelsave Diesel, безоловен бензин 98-октански V-Power, Unleaded 95 Fuelsave, TNG- LPG автоплин, AdBlue.
Новиот објект располага со модерен мини-маркет, вкусни печива, кафе бар со тераса, авто-козметика и додатоци и продавница за подароци. Бензинската станица е изградена според највисоките технички и безбедносни стандарди, обезбедувајќи сигурно и безбедно искуство за клиентите. Бензинската станица ќе биде отворена 24 часа на ден, седум дена во неделата, обезбедувајќи деноноќна услуга.
Пред две години "Шел" ја отвори бензинската станица на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје во населбата Пинтија, а има и две дополнителни бензински станици во Смоквица покрај автопатот „Пријателство“ во близина на грчката граница. Со новата бензинска станица во Кавадарци, Шел продолжува да го зголемува своето присуство во земјава.`