Слободни места има во трите средни училишта во Кавадарци
Во јавните средни училишта во Македонија утре ќе се спроведе второто пријавување во јунскиот рок за упис во прва година во учебната 2017/2018 година, а резултатите за запишани ученици ќе бидат објавени на 6 јули. На првото пријавување во јуни, спроведено на 28-ми и 29-ти минатиот месец, од пријавените 17.179, примени биле 11.205 ученици.
Слободни места во второто пријавување во првиот рок има за вкупно 24.529 ученици во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија.