МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Отпадот од лубеници, праски, зелечук и друг отпад при собирањето и пресувањето во автосмеќарките се разлива по улиците.Граѓаните да го ставаат во најлон амбалажа.

Се молат граѓаните, сезонскиот отпад од зеленчук,овошје и друг течен отпад да не го депонираат директно во контејнерите и индивидуалните типски канти од 80 литри, туку истиот да го соберат во најлонска амбалажа, бидејќи при пресувањето на целокупниот отпад истиот тече и предизвикува непријатна миризба .За ова денеска бевме информирани од ЈП„Комуналец„.Новиот возен пак , се мисли на автосмеќарките, на овој начин се оштетуваат а просторот околу контејнерите и улиците поради течењето на отпадот стануваат нечисти и се место за зараза на животни и луге. Да биде појавата драстична и неодговорна , некои од нашите сограѓани во типските контејнери фрла и останата манџа .

Затоа ова комунално претпријатие соопштува дека од 10 јули годинава ЈП„Комуналец“ ке започне со миење на контејнерите од 1/1 м 3 најпрвиин од централното градско подрачје а потоа кон периферијата.Миењето ке се изведува поради зачестеното исфрлање на течен отпад во контејнерите и типските канти од 80 литри поради кои се јавува миризба и е потенцијална опасност за за зарази.