Во соопштението до редакцијата ,ВМРО-ДПМНЕ реагира на односот на СДСМ кон земјоделците.
Интегрален текс на соопштение:
„Владата на СДС поради својата безидејност и недостаток на креативност и сенс за водење на државна политика се почесто ги користат проектите на ВМРО-ДПМНЕ како нивни проекти.
Субвенциите за кои зборуваат СДСМ се тековна работа на една Влада на Република Македонија. Таа практика е воведена 2006 година по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Пред 2006 имаше нула субвенции за земјоделците кои едвај крпеа крај со крај.
Грижата на СДСМ кон земјоделците ја видовме и во последните два месеци кога цените на земјоделските производи паднаа на најниско ниво во последните 8-10 години.
Исто така сакаме да ги информираме кавадарчани дека СДСМ во новиот ребаланс на буџет скратија 100 милиони денари во ставката за рурален развој. Дополнително кратат и цели 128 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделие намeнети за капитални инвестиции. Со овие кратења можеме да заклучиме дека СДС не им мисли добро на земјоделците и на граѓаните на Република Македонија и тоа од ден во ден е се поочигледно.
Заев во текот на февруари оваа година ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра. Тој фонд го нема, а пари за тоа не се предвидени во ребалансот. Заев во текот на изборите ветуваше и додатно 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците. Сето тоа остана само ветување. Ништо нема. само лаги и манипулации на граѓаните, но затоа ќе следи политичка одговорност.
Лицемерието на СДС е до толку големо што нивното владеење ке биде запаметено само по неисполнети ветувања, а со последните настани, и по ниското ниво за национална свест и самопочит како Македонци.„-се вели во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прес на ОО на СДСМ-Кавадарци.