МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска...

Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Верниците од Кавадарци пред две години добија црква со името на заштитничката „Света Преподобна Петка Параскева“ . Во 2015 година , во месец октомври- по 170 години во Кавадарци повторно се осветуваше црква во Кавадарци.

Земајќи ја предвид верската, како и културната и историска важност на овој настан,истиот го следеа многу граѓани кои дојдоа на чинот на осветувањето.Инаку самата црква е карактеристична по начинот на изградба, рачно градена од клесан камен, односно запазениот архитектурен и уметнички правец, кој соодвествува на најубавите цркви од периодот на 14-ти, 15-ти и 16-ти век, црквите градени во византискиот период, кои припаѓаат во периодот на процвет на христијанската религија, не само во верска смисла туку период кој се одликува со уметничко богатство во архитектурата, иконографијата и фрескоживописувањето.Taa e дело на архитектот Трајче Грков.

Позади овој проект стојат ктиторите ФЕНИ Индустри, Општина Кавадарци, Кожувчанка и Градба промет, како и уште бројни други донатори, фирми и граѓани од Кавадарци и Македонија, а со благослов и духовно водство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. За само две години во „Света Преподобна Петка Параскева„ се одржаа голем број, венчавки и крштевски , а беа овековечени и други радосни желба на православните од овој крај.