МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Богатата програма трае на 7,8,9 и 10 септември 2017.

Компанијата „Темов“ ФШТ ДОО Скопје со Агенцијата за организирање на Тиквешки Гроздобер годинава ги прифати сите добронамерки забелешки и ги подготви содржините со кои се смета ке се привлече вниманието на домашната јавност и гостите кои ке дојдат на ова етаблирана манифестација која трае повеке од 50 години во Кавадарци.

Буџетот за годинашниот Тиквешки гроздобер изнесува 5.970.000 денари. Само општиа ке покрие 4 милиони денари.

Еве дел од содржините од кој најголем дел ке се одвиваат на Градскиот плоштад.

tg06-06.jpg

На 7-ми Септември Советот ќе одржи свечена по што ке ќе се одржи концерт посветен на песната на доајенот на македонската народна музика Никола Бадев. Отворање на Гроздоберот е предвидено за 8 септември од 12 часот со Изложба на Петре Камчевски посветена на досегашните манифестации Тиквешки гроздобер . Во 13 часот ќе се дегустираат грозје и вина на градскиот плоштад. За вечерта се планирани концерти на „Чили плеј бенд“ и „Нокаут“, а на полноќ ќе се избираат крал и кралица на Гроздоберот.

tg06-10.jpg

Во сабота на 9 септември во програмата е планирана таблијадата, приемот на делегации од градоначалникот .Една од позначајните измени е одржувањето на Дескиот карневал-во сабота од 18 часот по што следува Винскиот карневал. Потоа следува уметнички перформанс со оган и светлосни и звучни ефекти. Потоа за присутните на манифестацијата целовечерен концерт ќе одржи музичката звезда – Северина.За 10 септември планирани се настапи на ДЏ Никифор и Депеш мод – трибјут.(Еве ги деталите од Програмата :Зоран Станоев-Дејзи-Агенција за организација на Тиквешкиот гроздобер 2017.)