Гори нискостеблеста шума и трева на три хектари

Пожар избувна попладнево над росоманското село Дебриште. Како што информира командирот на Територијалната противпожарната единица од Кавадарци Илчо Богевски, горат нискостеблеста шума и сува трева на површина од околу три хектари. -На терен сме со две противпожарни возила и шест пожарникари, се надеваме дека најбрзо што можеме, ќе го ставиме огнот под контрола, рече Богевски.