Оштетувањето на корпите за отпадоци е направено на урбанизираниот дел на кејот на реката
Кејот на реката е меѓу најубавите места во градот.Активноста за негово уредување граѓаните ја поздравија и затоа се урбанизира дополнително.Сега тоа се прави со нова делница од околу 350 метри од малиот мост кај Централната детска градинка до мостот во УЗ„Слога“ на реката Луда Мара.Добра работа за градот и житлите кои сакаат мирно пешачење,безбедно возење велоспиед, прошетка со мали деца,некој степен пониска темепература...
За жал нашиот однос кон поставента урбана опрема , кај некои наши сограѓани , е на драстично ниско ниво,вандалско...Така вчера попладне на локација меѓу веќе урбанизираниот и новиот дел од кејот кој сега го гради опертивата на ГП„Градба промет„ фотографиравме целосно искорната од бетонот корпа за отпадоци.За тоа да се направи треба голема сила и бес...а веројатно некој го поседува и бесот и силата.Очигледн о тоа и го покажал, ама во најпримитивна форма која не својствена за човекот.
Само потсетуваме дека штетите што се прават на опремата која е поставена на кејот се на сметка на граѓаните, кои преку буџетот,истите треба да се санираат, значи повторно да се платат.