МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Петтото издание на најголемиот македонски демо фестивал, „Т`к Так Фест“ ќе се оддржи на 7-ми септември во Кавадарци.

Ова е одлуката на организациониот одбор кој за јубилејното петто издание најавува ново дружење со „новајлиите“ на македонската рок сцена, но и со македонските рок легенди.

„Подготовките за јубилејот веќе подолг период се во тек, така што и годинава ќе не очекува вистинско рокенрол шоу во Кавадарци кое ќе ни го приредат македонските рок надежи и најголемите рок имиња од македонската сцена.

Драго ни е што годинава фестивалот ќе се оддржи на 7ми септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци, град кој веќе три децении важи за еден од најрокерските градови во Македонија, со богата музичка и фестивалска традиција“ - рече меѓу другото Марко Матиев, член на извршниот одбор на „Т`к Так Фест“. Од организациониот одбор потсетуваат дека сеуште е активен и конкурсот за демо бендови кои како и минатите години, така и оваа, ќе се борат за вредни награди, а дополнителна мотивација е и Гран при наградата „Трајко Каров“ која му се доделува на најдобриот тапанар, а е во висина од 500 евра.

Конкурсот за пријавување останува отворен до 28 август, а согласно истиот, демо бендовите треба да достават кратка биографија за бендот и линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен Јутјуб канал на следната емејл адреса: tk_tak_fest@yahoo.com