МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка , а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“ започнува со реализација на Форуми во заедницата.Денеска се одржа првата форумска сесија која предизвика голем интерес кај граѓаите и здруженијата . Ова се проектни форуми за кои е обезбеден фонд од 50 000 CHF , а ќе се финансира најмалку еден, а најмногу три проекти. Проектите кои ќе ги подготвуваат граѓаните ќе бидат за интервенција во областа на Социјална инклузија.Форумот го поздрави градоначалникот Митко Јанчев.