„На Кавадарци-Михајлово 2017 “учествуваат над 60 реномиран и ликовни умерници од Европа и Блискиот исток.Посветена е на прерано починатиот македонски ликовен уметник Ристо Соколов Сокол.
Во недела, на 20 август 201, започнува накновото издание на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци/Михајлово“. Колонијата ќе се одржи во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“ Кавадарци и ќе трае до 27 август. На неа ќе земат учество над шеесет ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Иран, Данска, Италија, Косово, Албанија, Црна Гора, Украина и Ерменија.Колонијата на 20 август ќе биде отворена со изложба на ликовниот уметник Марјана Костојчиновска Узунчева во Галеријата при домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, додека за време на одржувањето ќе бидат отворени уште две изложби и тоа на ликовниот уметник Лаура Димитрова од Бугарија (22 август во Музеј Галерија Кавадарци) и Меѓународна уметничка фотографска изложба во организација на познатиот албански фотограф Саимир Ахмети (25 август во Галерија при Дом на култура Кавадарци).Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци/Михајлово 2017“ е посветена на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Ристо Соколов Сокол, а во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на општина Кавадарци.