МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре на ред е 60-седница на Советот на Општина Кавадарци.На дневен ред е Предлог – Одлука за доделување на Награда “7 ми Септември”.

Покрај тоа ке се распpава по Предлог – Решение за именување на претставник на Општина Кавадарци во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, по длуката за зголемување на бројот на деца по воспитните групи за воспитната 2017/2018 во ЈОУДГ ,,Рада Поцева“ Кавадарци .Советниците ке го разгледаат и Годишниот план за вработување во ЈОУДГ ,,Рада Поцева“ Кавадарци за 2018 година ,одлуката за донација на парични средства од Управен Одбор на ЈП Комуналец Кавадрци и одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци .