МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Во УЗ„Слога“ се изврши поплочување на тротоари од улиците: „Беласица“, „Авала“, „Преспа“, потоа на улицата, како и на краци од ул.„Браќа Џунови“. Изведувач на работите беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци, чија оператива во периодот од јануари до март оваа година поплочи површина од 2400 метри квадратни. Проектот е поголема јавна набавка на општината со кој се обновија дел од старите и се изградија нови тротоари на споменатите улици. Целокупната површина беше покриена со павер елементи (бехатон коцки). Поплочувањето е реализирано на барање на граѓаните од УЗ „Слога“. извор: Кабинет на градоначалник Митко Јанчев 162430072_2989546814602693_8436257012102270287_n 162491600_2989546807936027_4415836483933201090_n