МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Свеченото отворање на манифестацијата годинава ќе се оддржи во петок, во 12 часот во Музеј галерија сo изложбата на фотографии „Тиквешки гроздобери 1964-2016“.

Инаку ден пред тоа на 7 септември ке се одржи вечерта посветена на Никола Бадев на Градскиот плоштад. Во петок по изложбата Програмата со настаните се поместуваат на Градскиот плоштад каде во 13 часот ќе се оддржи дегустација на вино и грозје, а Програмата ќе продолжи со концертите на Епидеми и Нокаут кои се закажани со почеток од 20 часот и 30 минути. Првиот фестивалски ден ќе заврши во ресторанот „Моклиште“ каде точно на полноќ ќе бидат избрани винскиот крал и кралица кои ќе го предводат тиквешкиот гроздобер.

Саботната програма започнува во 11 часот со меморијалниот турнир во женска кошарка „Сестри Китеви“ кој ќе се оддигра во спортската сала „Јасмин“, додека час подоцна во малиот парк ќе започне традиционалниот турнир во табла.Најпосетените настани започнуваат во 18 часот за кога е закажан стартот на Тиквешкиот карневал, по чие завршување ќе следи уметнички перформанс, огномент и концертот на хрватската ѕвезда Северина.

Во недела од 11 часот на Градскиот плоштад каде свои настапи ќе имаат учесниците на детските фестивали „Гроздоберче“ и „Ластарчиња - лозарчиња“. Во 18 часот и 30 минути ќе се избираат најдобрите вина, додека во 21 часот ќе започнат настапите на Депеш Мод Трибујт Бенд и диџеј Никифор