МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци денеска беа одбележани 25 години од смртта на Петре Тодоровски, војникот од Кавадарци кој загина на стража на 26 јули 1991 година во Љубљана, на почетокот од распаѓањето на поранешна Југославија.

На трагичниот настан кога загина дваесетгодишниот кавадарчанец, денеска присутните на Градските гробишта во Кавадарци, ги потсети Aleksandar Malinkov од Здружението на Армиски ветерани од Тиквешијата 2001 година.

Во алеата на загинатите кавадарчани од војната во 90-сетите, на неговиот гроб цвеќе положија најблиските од семејството на Петре Тодоровски , делегација од локалната самоуправа, на Советот на Општина Кавадарци.

Малинков од името на армиските ветерни 2001 година потсети на воните години деведесетите кога загинаа повекемина наши македонци, а како опомена од воените случувања 2001 година, побара војната никогаш да не се повтори, туку да завладее мир.