Во есен кавадречкиот пазар е најбогат.Овој октомври вистинска одисеја е да прошетате на зелениот пазар
И ефтино и скапо, и вештачки зреено и природно,еколошко и третирано со препарати, од Кавадарци, Росоман од Градско, Струмичко...од секаде се продава .Така е последните неколку пазарни денови на централното градско пазариште во Кавадарци, кога се чини е најживо од сите периоди во годината.Се подготвува зимницата, и затоа има што да се купи:пиперки, домати,компир, цвекло,тикви,спанаќ,праз,зелка,карфиол...нема што нема.Цените пристапни за сите...