Поради оддржувањето на „Есенскиoт панаѓур“, во деновите 5, 6, 7 и 8 октомври ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во новиот центар на градот.
Според информацијата добиена од службите на локалната самоуправа, за време на оддржување на панаѓурот целосно затворени за сообраќај ќе бидат булеварот „Никола Минчев“ како и булеварот „Македонија“ од спојот со ул. „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“.
Истовремено, се известуваат жителите на булеварот „Никола Минчев“ да ги отстранат своите автомобили од улиците како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на есенскиот Панаѓур 2017год.
Нормалниот сообраќен режим ќе биде воспоставен од понеделник, 9 октомври.