МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вечерва во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, беше отворена заедничка изложба на ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски.

За делата на уметниците говореше Тодор Богев- човек со истанчен уметнички сензибилитет.Тој очигледно добро познавајќи ги двајцата уметници особено Винчиќ,ја нагласи уметничката вредност на делата кои вечeрва беа изложени во Кавадaрци и не само овде.Двајцата уметици ги претстави нивникот нивниот колега и директор на Домот на културата Владимир Темков.Поетеса прочита две песни за авторите на изложбата.

И Винчиќ и Љубовчевски имаат една заедничка нишка како тема на сликите:Еротика, женскиот но и машкиот акт, насликани во слободна форма ,во положби какви ретко уметниците се решаваат да се изразат на своите платна.Винчиќ тоа го прави за еден степен полиберално, се чини каков што е нејзиниот карактер. Делата на Гордана самите по себе се наративни и носат длабока мистичност, посталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори. Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, и главниот поттик и е фасцинираноста од подсвесното знаење и мудрост кои секој човек ги носи во себе.Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката, се со цел достигнување на повисоко ниво на свесност и среќа, напише Лиза Греј куратор од Лондон

20171019_201217.jpg

Гордана Винчиќ е родена 1971 во Скопје, Мaкедонија, а живее и твори во Малме, Шведска. Големо влијание врз творештвото на Гордана има нејзината мајка која како ликовен уметник и историчар на уметноста, уште од мали нозе и ги всадила корените и тајните на сликарството. Удел во слободоумното сликарство на Винчиќ има и нејзиниот татко кој е носител на Медал за храброст, Орден за труд и Јубилеен медал за заштита на спомениците на културата во тогашна СФРЈ.

Винчиќ зад себе има реализирано повеќе самостојни изложби, меѓу кои една од позначањите е изложбата „Transitions“ во музејот на „Puskinska 10“ во Санкт Петерсбург во 2015 година. Таа има создавано и изложувано дела заедно со својата сестра во Франција, Шведcka Англија и Македонија. Поради големото искуство и знаење во доменот на социјалната работа и политика, Винчиќ во соработка со Шведските власти има одржано преку 300 визуелно - иновативни ликовни работилници. Се потпишува и како организатор на голем број семинари во Шведска за лидерство, каде што основните алатки се токму нејзините умнетнички дела.

Инаку ова вечер присутните имаа и ретка можност за присуство на концерот на Трио Грациосо:Кристина Палија-сопран,Невенка Дуковска-пијано,и Памела Велкова-виолина.Тие се претставија со програма на класични дела, и популарна македонска етно музика.Вистинско музичко изненадување кое беше реализирано во рамките на „Кавадаречката културна есен“,која овојпат привлече видно внмимание кај културната јавност.