Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, напладне беше отворена изложба на познати ликовни уметници од Турција, професори на Факултетпт за ликовни уметности во Едрене.Актерот Александар Малинков-го презеде раководењето на ова културна институција
Со свои дела се претставија : Ersan Sarikayna, Ayhan Cetin, Muhammet Tatar и Musa Guney.
Нивното присуство во Македонија беше искористено да биде органиирана пригодна свеченосдт и отварање на изложбата која ке бид еппоставена 2 недели, а невообичаено на самотиот старт на изложбата имаше доста љубители на уметноста иако не е вообичаено за сабота попладне.
Изложбата беше отворена и затворена со по една изборна композиција од оркестарот на народни инструменти на ученици на професорот во УМБУ- Горан Јанев , а присутните со пригодни зборови ги поздрави новиот директор на Домот на културата „Иван Мазов –Климе„-Александар Малинклов која нагласи дека ова институција ја искористи можноста од долгата соработка со проф.Фехим Хусковиќ –професор на Ликовната академија на Македонија и декан на Ликовната академија во Нови Пазар да бидат овде во Кавадарци да бидат презентирани делата на познатите турски уметници.
Владимир Темков –одговорен за галеријата на Домот, за истакна големата чест за ваква изложба на големите ликовни уметници со потекло од Турција.Тие се за прв пат во Кавадарци, и ке бидат поканети и на нашата Ликовна Колонија.Мостотот воспоставен од проф.Фехим Хусковиќ-кој овие изложби ги нарече „Мост„ што и навистина поврзува држави на народи. Тој пак пред кавадарчани го изрази задоволството што е дел од ова изложба.Уметноста е убаво кога живее меѓу оние кои не творат туку уживаат во креациите на уметниците.